Веќе неколку дена интернетот е преплавен со објави за шамарот на доделувањето на „Оскарите“ и се чини дека работите сѐ уште не се смируваат. Вил Смит направи нешто неочекувано и се чини дека тоа скапо ќе го чини. „Епл ТВ“ и платформата „Нетфликс“ ги повлекоа своите понуди за снимање на биографскиот филм за Вил Смит откако тој го удри комичарот Крис Рок на доделувањето на „Оскарите“.
„Епл“ и „Нетфликс“ беа меѓу неколкуте компании што се борат да ги обезбедат правата за овој филм, што треба да снима врз основа на неговата автобиографија објавена во 2021 година, која забележа импресивни продажни резултати. Сепак, The Sun објави дека и двете големи компании во филмската индустрија ги повлекле своите понуди за филмот.
Наводно, работата со Смит станала ризична по ситуацијата на „Оскарите“.
Сепак, Смит доби „Оскар“ за најдобар актер за неговата улога во „Кралот Ричард“ надминувајќи го, меѓу другите, и Дензел Вашингтон со неговата улога во филмот на „Епл“ – „Трагедијата на Магбет“.