Кортни Кардашијан тајно се венча со музичарот Тревис Баркер

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан тајно се омажи за музичарот Тревис Баркер во капела во Лас Вегас. Според сајтот „Ти-ем-зи“, тие се венчале по доделувањето на Греми-наградите, околу 1:30 часот наутро.

Со двојката бил само сведокот, личниот фотограф на Кортни и приватно обезбедување, а ги венчал имитатор на Елвис.

Кортни и Тревис се заедно од декември 2020 година, а се свршија по девет месеци врска. За Кортни ова е прв брак. Таа има три деца, Мејсон (12), Пенелопе (9) и Рејн (7) со поранешниот партнер Скот Дисик, со кого никогаш не се омажи. За Тревис ова е трет брак. Тој претходно беше оженет со Мелиса Кенеди и Шана Моаклер.

 

Scroll to Top