Синот на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин, и неговата свршеница Никол Пелц потпишаа предбрачен договор вреден 3,5 милиони евра. Според пишувањата на светските медиуми, свадбата ќе се случи на 9 април годинава, во вилата на милијардерот Нелсон Пелц.
Со предбрачниот договор се заштити и Бруклин, чие богатство е проценето на 380 милиони фунти. Никол пак е уште побогата од него и нејзиното богатство се верува дека изнесува околу 1,3 милијарди фунти, пренесе Daily mail.
Бруклин и Никол ќе се венчаат во Палм Бич на Флорида каде нејзиното семејство има вила. Церемонијата ќе се случи на брегот покрај океанот. Дејвид и Викторија наводно веќе летнале за Мајами заедно со ќерката Харпер и внуката Либи Адамс.
Невестата Никол Пелц ја избра венчаницата со помош на Лесли Фремар, стилистка која соработува со холивудските ѕвезди како Деми Мур и Шарлиз Терон. Двајцата заедно беа во Рим, а Пелц набргу потоа потврди дека нејзиниот фустан ќе го дизајнира модната куќа Пјерпаоло Пичоли.
На списокот нa гости се најдоа и Меган Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, Џиџи Хадид, Никол Ричи, Гордон и Тара Ремзи, Мел Би, фудбалерот Фил Невил и многу други.
Кумот на Бруклин, Елтон Џон, нема да може да присуствува на венчавката поради неговата турнеја која се случува во моментов, но таму ќе биде неговиот друг кум Дејв Гарднер.
Меѓу гостите наводно ќе биде и популарниот Том Брејди и неговата сопруга. Ромео и Круз Бекам ќе бидат кумови на венчавката, а нивната сестра Харпер ќе ѝ биде кума на Никол.