Потребни состојки:
500гр брашно
1 свеж квасец
150гр сечкани маслинки
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
250мл топло млеко
70мл масло
2 јајца
Начин на подготовка:
Ставете го квасецот во млако млеко, додадете лажичка шеќер и малку брашно и почекајте да надојде. По 10-тина минути, во посебен сад измешајте брашно и сол, а потоа додајте го квасецот, ситно сечканите маслинки, 1 јајце, маслото и измешајте со преостанатото млеко за да го изедначите тестото. Оставете го тестото да нарасне. Поделете го на помали парчиња и обликувајте топчиња со саканата големина. Ставете ги топчињата на садот за печење обложен со хартија за печење и оставете да се одмори уште 15 минути додека рерната да се загрее. Премачкајте ги со јајце. Печете околу 25-30 минути на температура од 200 степени.