Службите покреноа истрага откако владата на Велс по грешка објави официјални документи со протокол во случај на смрт на кралицата Елизабета. Велшката влада случајно објави официјални мејлови со протоколи кои се во план кога ќе умре кралицата, пренесе Sky News.
Електронската пошта била означена со назнаката службено чувствителна, а била испратена до голем број инсајдери, но и еден поранешен вработен. Во неа било содржено и писмо од државен службеник, кој изразил загриженост дека медиумската организација има доверливи информации за споменатите планови.
„Гардијан“ во 2017 година напиша текст за тајниот план за денот по смртта на кралицата, а „Политико“ минатата година објави текст со деталите од операцијата London Bridge, со кодно име „Процедура“.
Сепак, иако е-мејлот бил означен како службен, владата на Велс тврди дека не содржел никакви оперативни информации.
„Означено е како службено чувствително и не смееше да се споделува. Прашањето на безбедноста на информациите и податоците го сваќаме многу сериозно и тоа сега се истражува како потенцијално кршење на безбедноста“, рече портпаролот на постојаниот секретар Ендрју Гудал, кој е шеф на државната служба на велшката влада.