Канадската пејачка Аврил Лавињ се сврши со поп-панк рокерот Мод Сан во Париз. Веста ја објавија двајцата музичари на Инстаграм, а Аврил го покажа дијамантскиот прстен во форма на срце.
„Тоа беше најсовршениот, најромантичниот предлог што некогаш можев да го замислам. Бевме во Париз на брод на реката Сена. Имаше виолина, шампањ и рози. Се чувствував како времето да застанало, а бевме само двајцата ние во моментот. На прстенот се изгравирани зборовите ‘Здраво иконо’, првите зборови што Мод ми ги кажа кога се запознавме“, рекла 37-годишната Лавињ за магазинот Пипл.
Двојката се сврши на 27 март. Ова ќе биде трет брак за Аврил, која две години беше мажена за Чед Крогер, пејачот на „Никлбек“, а претходно беше во брак со Дерик Вибли, фронтменот на „Сам 41“.