На 95 години почина Реј Ален, актерката позната по серијата „Сопранови“. Тажната вест ја пренесе нејзиниот претставник Кајк Фриц за Hollywood Reporter.
„Имав задоволство да ја преставувам Ален повеќе од 20 години. Таа беше една од најдарежливите актерки со кои некогаш имав задоволство да работам. Засекогаш ќе ѝ бидам благодарен што бев дел од нејзиното патување“, рече Фриц.
Ален е родена во Бруклин во 1926 година и студирала драма во студиото во студиото HB во Гринич Вилиџ. Таа исто така беше дел од Американската академија за драмски уметности во 1947 година.
Својата прва номинација за најдобра актерка ја заработи во претставата како љубопитна репортерка за Глорија во „Проклетите Јенки“ во 1955 година.
Повторно беше номинирана за улогата во „Патник без багаж“ во 1967 година, а наградата за најдобра главна женска улога ја освои во „И госпоѓицата Риардон пие малку“ во 1971 година.
За потсетување, актерот Пол Херман почина минатата недела на својот 76-ти роденден, кој исто така својата популарност ја стекна со улогата во серијата „Сопранови“.