Бен Афлек со уникатен прстен по 18 години пак ја побара Џенифер Лопез за жена

Холивудскиот актер Бен Афлек повторно ја побара за жена пејачката Џенифер Лопез (52), откако претходно тоа го стори пред речиси две децении. Таа ја објави веста на својата веб-страница, со видео од нејзиниот прстен со зелен камен, омилената боја на пејачката.

„Секогаш велам дека зелената боја е мојата среќна боја“, напиша еднаш Лопез (52).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✨Diana✨ (@jlosgolden)

Таа пред да објави на веб-страницата, на својот Инстаграм профил објави преку видео, а под него напиша дека има многу возбудлива вест што сака да ја сподели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

За потсетување, Лопез и Афлек ја обновија врската по речиси две децении. Тие беа свршија до 2004 година, но потоа ја раскинаа свршувачката. Во меѓувреме и двајцата се венчаа и добија деца, а по разделбата со претходните партнери, тие повторно ја обновија врската.

Scroll to Top