Синот на Тито, внуците и правнуката на театарска премиера во Загреб: три генерации Броз на едно место

Премиерата на претставата „Тајниот дневник на Адриан Моле“ на режисерката Саша Броз собра на едно место три генерации на семејството, наследници на Јосип Броз Тито.

Режисерка на претставата е внуката на Тито, Саша Броз. Поддршка на премиерата ѝ дадоа нејзиниот татко Александар Мишо Броз и братот Андреј Броз со сопругата и со ќерката Зита, најмладиот член од семејството на поранешниот маршал на СФРЈ. Фотографите во театарот „Жар птица“ во Загреб така на една фотографија сликаа три генерации на семејството Броз, односно синот на Тито, внуците и правнуката.

Александар Мишо Броз е пензиониран хрватски дипломат и менаџер. Роден е во 1941 година во бракот на Тито со Херта Хас кој траел од 1940 до 1943 година. Потоа ја запознал Јованка, со која останал до смртта.

Неодамна ќерката на Саша Броз и на актерот Ранко Зидариќ, Сара, го зеде презимето на својата прабаба, па сега е Сара Хас. Таа работи како сценографка во Загребскиот куклен театар.

Scroll to Top