Американецот со најголем пенис Џон Фалкон, за Men’s Health рече дека повеќе не морал да ја докажува својата мошкост и дека е сигурен кога бара партнерка за секс. Фалкон е познат по тоа што го држи рекордот на најголем пенис со должина од 35 сантиметри кога е во ерекција.
„Ја немам таа несигурност кога барам партнерка за секс. Повеќе не се трудам да се докажувам. Не ми треба ни луксузен автомобил, ниту пиштол и не морам на никого да ја докажувам мојата машкост. Можам да носам и розово ако сакам“, рече Џон.
Сепак Џон рече дека постојат други проблеми кои му сметаат. Тој рече дека имал проблеми со килограмите, но никогаш не се грижел околу тоа дали може да најде девојки со кои би имал секс.
Сега повеќе не се грижи за тежината и дека со вежбањето и спортувањето за време на викенд го одржува своето тело и е во топ форма.
„Понекогаш се прашувам колку повеќе шанси би добил доколку не се знае големината на мојот пенис. Сепак доброто тело и карактер можат да привлечат многу повеќе девојки за секс од голем пенис. На никому не му е гајле ако имате мал пенис освен на вас“, рече Фалкон.
За потсетување, неодамна британските водители во The Morning Show, Филип Шофилд и Џози Гибсон се обидоа на своите гледачи да им ја опишат големината на пенисот на Фалкон, споредувајќи го со различни работи, како што е модриот патлиџан.
Џон реши да стави крај и им покажа фотографија во емисијата. Тој пред неколку години се пофали дека благодарение на неговиот пенис, успеал да спие со многу познати девојки и добитнички на Оскар.
На меѓународниот аеродром во Сан Франциско во 2012 година, чуварите го запреа и го претресоа поради сомневање дека криел експлозивна направа во неговите панталони.