Неодамна во Џакарта е отворен ресторанот Lounge in The Sky, за луѓето кои сакаат да одат на висат во воздух додека јадат. Несекојдневниот ресторан на гостите им нуди единствено искуство да јадат на 50 метри височина на отворено. Се смета дека ова е еден од најекстртавагантните ресторани во светот.
Во текот на едночасовното уживање, гостите седат на отворено, врзани, а безбедносни појаси носи и персоналот што ги послужува. Супервизорите прво ги запознаваат гостите со сигурносните прописи, а потоа ја креваат платформата. Таа може да прими 32 лица. Ресторанот има одредени правила за своите гости, вклучувајќи минимална возраст од 17 години, максимална тежина од 150 килограми и минимална висина од 135 сантиметри. Цената на оброкот варира и тоа, за стандардна класа чини 112 долари, за бизнис класа 225 долари и за прва класа е 260 долари.
Телескопска дигалка тешка 300 тони го одржува ресторанот во воздух. Тој ќе остане во Џакарта три месеци. Гостите можат да ги резервираат своите места, иако скоро сите термини се пополенти, а пред отворањето на ресторанот имало над 5.000 гости на листата на чекање.
Овој тип на ресторан е отворен првпат во Индонезија, а е трет од ваков вид во светот, по Белгија и Малезија.