Во Њујорк заврши изградбата на најтенкиот облакодер на светот

Во Њујорк пред неколку дена заврши изградбата на најтенкиот облакодер на светот. Зградата е висока 435 метри, а со соодносот висина-ширина од 24:1 се смета за најтенка на светот. Градбата се наоѓа во таканаречениот Ред на милијардери во централен Менхетн.

Кулата беше најавена во 2013 година, но работите беа во застој до 2017 година од финансиски причини.

Според архитектонското студио SHoP, кулата е изградена од бетон со најголема цврстина на светот.

Освен што е најтенкиот облакодер во светот, истовремено е и вториот највисок облакоред во западната хемисфера.

Scroll to Top