Вчера почна судењето на кое Џони Деп ја тужи бившата Амбер Херд за клевета во која таа го обвинува за семејно насилство. Деп ја тужи за писмото кое го испратила до „Вашингтон пост“ во кое го обвинила за насилство. Деп рече дека Херд лаже и дека манипулира со луѓето околу неа.
Неговите адвокати рекоа дека актерката е таа која се борела да го придобие нивниот клиент пред да стане насилна.
„Херд е длабоко проблематична личност која манипулира со луѓето околу неа. Таа го прогонуваше, му се додворуваше. Се потруди да го освои глумејќи заљубена девојка и на крајот успеа во тоа, а тој се заљуби во неа до уши“, рече неговата адвокатка.
„Таа би посегнала и по физичко насилство, го маваше со тврди работи, го удираше, го нарекуваше кукавица, дека не е маж затоа што не сакал да се бори со неа“, додаде таа.
Нејзините адвокати пак раскажаа сосема поинаква приказна. Нејзиниот тим рече дека Деп е тој кој бил полн со бес и дека бил како демон, пренесува Daily Mail.
„На Амбер гледаше како на својата мајка и сестра кои ги мрази. Неговиот бес е поттикнат од алкохолот и дрогите“, рекоа адвокатите на Амберт.
Тие тврдат дека Деп не сакал таа да работи и дека почнал да ја контролира за тоа што ќе облекла. Ги гледал нејзините сценарија и ги одбивал сцените во кои требало да има секс, а ја обвинил и дека спие со некои од неговите колеги.
Деп тврди дека бил исфрлен и од франшизата „Пирати од Карибите“, поради јасните импликации дека е злоставувач. Тој беше исфрлен откако Амбер го обвини во писмото кое го испрати до „Вашингтон пост“.
Тој тврди и дека Амбер често го напаѓала и тоа била причината за нивното раскинување. Се очекува судењето да трае шест до седум недели, а освен нив двајца на него ќе сведочат и Џејмс Франко, Пол Бетани и Елен Баркин.