Тринаесетгодишната Нила Хајлес се најде на американската листа за 50 највлијателни иноватори во областа на технологиајта. Со помош на талентот за цртање таа успеала да стане милионерка.
Нејзиниоте уметнички дела ги објавила на NFT платформата, наменета за производство на дигитални добра. NFT е скратеница за Non-fungible неделив и незаменлив токен. Тоа е еден вид на криптовалути со кои разни уметнички дела на различни медиуми и сајтови можат да се продаваат преку механизмот за дигитална трговија.
Откако ја направи илустрацијата, Нил ја објави на страницата NFT, каде што љубителите на овој вид уметност можат да ја купат со криптовалути.
Нејзините илустрации прикажуваат жени со издолжен врат, од истакнати личности како поранешната прва дама на САД Мишел Обама, познатата Мерлин Монро, па сè до обични жени од секојдневниот живот.
„Цртам жени од целиот свет затоа што сум инспирирана од различни култури“, рече Нила, која идејата за својата колекција ја пронашла во нејзината омилена играчка од детството, еден вид на диносаурус со долг врат за кој сметала дека е исклучително моќен.
Досега таа успеала да заработи 7 милиони долари. Се најде и на американската листа на 50 највлијателни иноватори во областа на технологијата, а ја имаше и честа да создаде дигитална колекција за магазинот „Тајм“ во која ги претстави 100-те најуспешни жени на годината со помош на нејзините дела.