(Фото) Пријател на Џони Деп плачеше во судницата, не е фер тоа што му го направи бившата

Пријателот на Џони Деп Исак Баруч, се расплака за време на судењето додека сведочеше против неговата бивша сопруга Амбер Херд. Тој рече дека таа му го уништила животот.

Исак со неговото сведочење повремено предизвика смеење во судницата од присутните, но стана и емотивен на прашањето дали ѝ е лут на глумицата.

„Не сум лут на никого. Ѝ посакувам сè најдобро, да превземе одговорност, да оздрави и да продолжи понатаму. За Џони и неговото семејство можам да кажам дека тие се уништени од сето тоа што му се случува во моментов. Не е фер тоа што му го направи и што толку луѓе се погодени од ова“, рече Исак.

Кога го прашаа што мисли за Амбер, тој рече дека имало време кога ја сакал и дека бил заљубен во неа исто како и Деп. Исак рече дека Амбер имала голема почит кон него.

„Кога ќе дојдев кај нив, постојано ме нудуваше со храна и пијалоци. Ме третираше со целосна почит и беше многу смешна, рече Исак и дополни дека кога бил кај нив никогаш не видел насилство од било кого. Тој објасни дека се скарале само двапати пред него.

За време на сведочењето поротата дозна дека Исак живеел бесплатно во станот на Деп, во периодот меѓу 2013 и 2016 година. Станува збор за пентхаус во кој глумецот и Амбер живееле сами, пренесе Sky News.

Scroll to Top