Младиот брачен пар Бруклин Бекам и Никол Пелц, викендов се венчаа, а за свадбата потрошија милиони фунти. Поради тоа јавноста ги критикуваше дека немаат обѕир кон жртвите во Украина.
Никол објави дека тие ги замолиле гостите на свадбата, парите и подароците кои планирале да им ги дадат, да ги донираат за семејствата на жртвите во војната.
„Мојот татко веќе зборуваше за ова во неговиот говор на мојата венчавка. Бруклин и јас сме девастирани поради ситуацијата во Украина и затоа не ги прифативме подароците и парите на венчавката, а на гостите им рековме да ги донираат на посебен линк“, рече Никол.
За потсетување, Никол го додаде презимето на Бекам, но го задржа и неговите. За венчавката од Бекам добија електричен „Јагуар“ од 1954 година, кој вреди 350.000 фунти.
Пред венчавката тие потпишаа и предбрачен договор. Богатството на Никол се проценува на 1,7 милијарди долари, додека Бекамови имаат трипати помалку.