(Фото) Данела и Тимчо изгубија глас на трибините во Аеродром: МЗТ се врати во АБА лигата

МЗТ Скопје по четири години повторно ќе игра во елитното натпреварување АБА лигата. По синоќешната победа над Широки Брег со 75-71, клубот од Аеродром повторно се врати во елитата.

На трибините меѓу навивачите беа и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, кои се големи фанови на скопскиот клуб.

Имаше голем број навивачи, а атмосферата беше прежешка. На крајот Данела и Тимчо излегоа на теренот ѝ им го честитаа успехот на кошаркарите на МЗТ.

„Одлична спортска атмосфера и полни трибини, Град Скопје е горд што е дел од спортските успеси и продолжува со поддршката, со победата вечерва МЗТ СКОПЈЕ обезбеди пласман во Првата АБА Лига“, рече Данела по мечот.

Како домаќин на завршниот турнир, аеродромци во недела во финалето за титулата ќе играат против Златибор. Мечот ќе се игра во салата „Јане Сандански“, но без разлика на исходот од овој натпревар, МЗТ од следната сезона повторно ќе игра во елитното АБА натпреварување.

За потсетување, последен пат МЗТ играше во првата АБА лига во сезоната 2017/2018, но заврши на последното 12 место и доживеа релегација во вториот ранг на натпреварувањето.

Љ.В. 
Scroll to Top