Пејач од „Ѕвездите на Гранд“ доживеа незгода за време на снимање на спот

Поранешниот учесник од „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Бабиќ, доживеа незгода за време на снимањето на новата песна. Тој паднал од моторот, но продолжил да ја снима сцената уште истиот ден. Следниот завршил во болница, каде што му биле направени лекарски прегледи.

„Вистина е дека паднав на снимањето, имам гребаници и модринки, но, не е ништо страшно. Фала му на господ сè е во најдобар ред и продолжив нормално да работам. Ви благодарам на сите за пораките. Да сте живи и здрави“, рече Стефан по незгодата.

 

 

Scroll to Top