Не е тајна дека Кралицата Елизабета беше позната и по својот хумор, но и неочекуваните постапки. Една од нив е тоа што таа сними скеч со Џејмс Бонд, ама го криела снимањето на скечот од своето семејство и од членовите на владата. Таа глумела покрај актерот Даниел Крег во смешен скеч, кој бил емитуван за време на Летните олимписки игри во Лондон во 2012 година.
Скечот беше прикажан за време на емисијата на Кристи Варк, The Reunion. Таа разговарала со продуцентите, кои работеле на скечот. На него се гледа Крег во улогата на тајниот агент како ја води на Олимпискиот стадион во Лондон.
„Кралицата никогаш не му кажа на кралското семејство дека снима скеч со Џејмс Бонд. Тоа беше еден од условите за да биде дел од проектот“, рече тогаш менаџерот на продукцијата, Сем Хантер.
„Од кралското семејство велат дека таа одлично се снашла и дека скечот бил извонреден“, раскажал Хантер и додал дека продуцентите морало да ја чуваат тајната од владата.
„Она што беше тешко е што не сакавме многу да ѝ откриваме на владата бидејќи не знаевме колку би можеле да бидат сигурни“, рече продуцентот Стивен Далдри.
Претходно, Крег откри детали од состанокот со кралицата за време на гостувањето во емисијата The Late Show со Стивен Колбер. Тој се сети на еден момент во кој Елизабета Втора се пошегувала на негова сметка.