„Њујорк тајмс“: Вимбелдон се подготвува да ги исфрли сите руски тенисери поради војната во Украина

Сите руски и белоруски тенисери би можеле да бидат исфрлени од претстојниот турнир Вимблдон и покрај тоа што некои од нив ја осудија војната во Украина, пренесе „Њујорк тајмс“. Поради војната, суспендирани се бројни руски спортисти, клубови и репрезентации.

Сепак единствени кои поминаа без поголеми последици се тенисерите. Сепак тие во иднина ќе можат да се натпреваруваат, но без никакви руски обележја на нив. ITF досега не реагираше, а турнирите имаат самите автономија да одлучуваат што ќе прават.

Сега се очекува сите руски и белоруски тенисери да бидат исфрлени од претстојниот „Вимбелдон“. „Њујорк тајмс“ пренесува дека раководството на турнирот се подготвува во секој момент да излезе со информација за суспензијата.

Најпознатиот гренд-слем турнир пред почетокот на натпреварувањето, кое ќе почне на 27 јуни, ќе биде првиот кој ќе повлече радикални потези. Доколку биде донесена ваква одлука, ќе бидат суспендирани четворица руски тенисери од Топ 30, односно пет жени од Топ 40 од WTA листата.

Најголемото име кое може да го нема е Русинот Данил Медведев, актуелниот шампион од УС Опен и најголемиот противник на Ѓоковиќ за првото место на АТП листата. Кај жените тоа би била Анастасија Пављученкова, која е 15 најдобра тенисерка во светот.

Ваквата одлука ќе влијае и на тенисерките Арина Сабаленка и Викторија Азаренка, чија држава Белорусија застана на страната на Русија во војната во Украина. Земјата затоа претрпе и голем број санкции.

Претходно Данил Медведев рече дека може да дојде до суспензија на руските тенисери бидејќи притисоците биле исклучително големи и силни.

Некои од неговите колеги, пред сè од Украина, инсистираа ИТФ да ги отстрани Русите и Белорусите, со порака дека само тргањето на државните симболи не е доволно.

Медведев беше еден од првите тенисери кои јавно ја осудија војната во Украина, но ни тоа не беше земено во предвид, дури се споменуваше дека ќе мора да се одрече од Путин за да продолжи да игра.

 

Scroll to Top