(Фото) Беквалац за новите заби потрошила 3.000 евра

Наташа Беквалац неодамна ставила навлаки на забите, за кои потрошила 3.000 евра, пишуваат српските медиуми. Пејачката неодамна доживеала незгода на една од нејзините свирки кога со микрофонот удрила во предните заби.

„Наташа на еден од нејзините настапи ги удри двојките со микрофонот и тоа подоцна многу ѝ пречеше. Свесна е дека здравите и убави заби се важни за нејзината работа, па затоа се одлучи да оди кај стоматолог, да стави фасети и малку да ги продолжи нејзините и така да ги дополни нејзините помали двојки“, откри извор близок до неа.

Тој рече дека Беквалац е препознатлива по нејзината убава насмевка која ја краси со природните заби и додаде дека новите ѝ се побели за неколку нијанси. Премиерно ги покажала во новата емисија на „Амиџи шоу“, каде сними видео кое му го посвети на раперот Стефан Џуриќ Раста.

 

 

 

Scroll to Top