Во медиумите во САД се рашири веста дека Анџелина Џоли би можела да го тужи ФБИ, затоа што агентите одбиле да спроведат истрага против нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит. Станува збор за истрага за инцидент кој се случил за време на лет во 2016 година со еден од нивните синови.
Како што наведуваат медиумите, Џоли за да го заштити семејството се претставила под псевдонимот Џеј До. Под името на Џеј таа побарала од ФБИ увид во документите кои се однесувале на Бред Пит, но тие не ѝ дозволиле.
Станува збор за инцидент од 2016 година, пред Џоли да поднесе барање за развод од Бред Пит. Актерот наводно го нападнал и психички и физички нивниот син во приватен авион за време на летот од Америка кон Франција.
Џоли сега побарала да ѝ биде доставена целосната документација и случајот повторно да се отвори, откако претходно Бред бил ослободен од секакви обвинувања.
Како што се наведува во медиумите, Џоли под името на Џејн поднела бројни барања за копирање на извештајот од спорниот инцидент и тврди дека ФБИ ја затворил истрагата против нејзиниот сопруг, а дека за тоа претходно не ја ни известиле.
Некои од медиумите пренесоа дека таа засега нема поднесено официјална тужба, но сè уште го напаѓа Бред и по разводот, а актерот неодамна поднесе и тужба против неа за незаконска продажба на нивниот заеднички имот во Франција. Станува збор за дворецот Миравал.