Цеца му дише во врат на Перо Камиказа

Групата „Меморија“ и Цеца ќе имаат концерт на ист ден ова лето. Фолк-пејачката и македонската група ќе пеат на 11 јуни, па гитаристот Перо Камиказа рече дека тоа ќе биде голема битка гради во гради.

„То Цецо. На 11 јуни, ќе има битка прса у прса“, рече Камиказа и потсети дека настапите им се поклопуваат.

По ова имаше и коментари во јавноста, па повеќето се шегуваат демек „Цеца му дише во врат на Перо Камиказа со концертот во Пробиштип“.

За потсетување, „Меморија“ на 11 јуни ќе одржи концерт на стадионот на АРМ во Скопје, а фолк-пејачката ќе пее во Пробиштип.

 

Scroll to Top