Холивудската глумица Амбер Херд пред судот во Вирџинија тврдела дека со шминка ги покривала модриците кои ѝ ги направил нејзиниот бивши Џони Деп. Сепак видео кое подоцна било објавено од козметичката компанија, од која Херд го користела коректорот, го побило нејзиното сведочење.
Козметичкиот бренд „Милани Козметикс“ фрли сомнеж на обвинувањата на Амбер Херд дека поранешниот сопруг Џони Деп ја злоставувал. Адвокатката на глумицата Елани Бредшофт пред судот на 12 април покажала коректор кој Херд го користела секој ден за да ги покрие модриците.
Бредшофт го покажала коректорот од споменатиот бред пред поротата ѝ рече дека Херд не ја напуштала куќата без него.
„Ова е продуктот кој Херд го користела и била многу вешта во тоа. Ќе го слушнете нејзиното сведочење како морала да меша различни бои за различни модрици кои се развивале во различни периоди“, рече адвокатката. Сепак се чини дека таквите тврдења не се во целост точни.
@milanicosmetics You asked us… let the record show that our Correcting Kit launched in 2017!👀 #milanicosmetics ♬ International Super Spy – dylan
Од „Милани Косметикс“ во едно вирално видео на „Тик ток“ ги негираше ваквите тврдења. Тие навеле дека брендот го лансирале дури во 2017 година. За потсетување, наводното злоставување за кое Амбер го обвинува Деп се случило во периодот од 2013 до 2016.
Во моментов во Вирџинија се случува судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд, во кој холивудскиот глумец ја тужи својата бивша за објавеното писмо во „Вашингтон пост“, во кое таа го обвинила него за семејно насилство.
Двојката се венчаше во 2015 година и беа во брак година дена, пред Херд да поднесе барање за развод.