По скандалот со Оскарите, глумецот Вил Смит замина за Индија. Индискиот фотограф Вирал Бхајани го сликал на приватниот аеродром во градот Мумбаију. Откако ја објавил фотографијата, Вирал наишол на голем број коментари.
„Стенд ап комичарите сега се на ризик. Не грижете се луѓе, нас нема да не удри. Боливудски глумци пазете се“, напишале некои од фановите.
За потсетување, Вил Смит по инцидентот со Крис Рок на Оскарите доби забрана да присуствува на Оскарите во наредните 10 години.
„Одборот одлучи во период од 10 години, од 8 мај 2022 година, на Смит да не му биде дозволено да присуствува на било какви настани или програми организирани од Академијата, лично или виртуелно“, рекоа претседателот на Академската филмска уметност и наука Дејвид Дубин и извршната директорка Доун Хадсон.