Македонскиот фудбалер Аријан Адеми даде гол за Динамо Загреб во 86 минута од натпреварот на гости против Горица. Судијата истиот му го призна иако претходно врз еден од гостинските фудбалери беше направен фаул. Судијата не свирна, затоа што за момент го изгуби свирчето.
Со голот на Адеми, Динамо Загреб дојде до победа која на крајот може да му донесе и титула. За потсетување Динамо Загреб на четири кола до крајот на првенството во Хрватска е прв со 69 поени пред Осијек кој има 64 бода.