Еден од најдобрите светски голмани и играч на Парма, Џанлуиџи Буфон, направи голем грешка на натпреварот со Перуџа и прими смешен гол кој го чинеше неговиот тим пораз. Парма загуби со 2:1, а еден од головите оди на душа на италијанскиот голман.
Буфон ја промаши топката по подавањето на еден од неговите соиграчи. Фановите му коментираа дека ова е една од неговите ретки грешки во кариерата, но дека ќе ја памети додека е жив.
На натпреварот уште од почетокот настапи и најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, кој беше сменет во 56-тата минута. За потсетување Парма е на 13-то место во Серија Б и одамна ги загуби шансите да се бори за плеј оф за пласман во најсилната лига во Италија.
This is the Buffon moment I mentioned earlier #PerugiaParma🇮🇹 pic.twitter.com/30WcZ1YQbY
— Richard Hall (@RichHall80) April 25, 2022