(Видео) Полицијата објави снимка од сетот на кој Алек Болдвин ја уби снимателката Хачинс

Полицијата објави снимка од сетот на филмот „Рѓа“ пред и по моментот кога Алек Болдвин ја застрелана снимателката Халина Хачинс. Се гледа како полицијата и брзата помош брзаат да стигнат на местото, а во друг клип, Болдвин е прикажан облечен како каубој кој вежба со пиштол.

Шерифот од Санта Фе, Адан Мендоза, објави и фотографии од местото на злосторството и интервјуа со сведоци, вклучувајќи го и она со Алек Болдвин.

Од полицијата рекоа дека ќе биде поднесена кривична пријава во зависност од исходот од
форензичкте анализи. Од таму дополнија дека Болдвин им кажал дека ја застрелал камерманката Хачинс додека тренирал со пиштол за кој верувал дека е безбеден.

Актерот, кој беше и продуцент на филмот, претходно изјави дека не го повлекол чкрапалото и дека нема знае како вистинскиот куршум завршил на сетот.

Шерифот Мендоза рече дека истрагата за пукањето ќе остане отворена. Дополни и дека неколку компоненти на истрагата остануваат нерешени, вклучувајќи ја и форензиката за оружјето, анализата на отпечатоците од прсти, извештајот направен од експертите и анализата на телефонските податоци на Болдвин.

За потсетување, минатата година за време на снимањето на филмот „Рѓа“, во Ново Мексико, актерот Алек Болдвин случајно ја застрела и уби снимателката Халина Хачинс, а исто така го застрела и режисерот на филмот Џоел Соуза.

Scroll to Top