Марија, ти си хистерична! Не, не, Ана, ти си имаш проблем: се скараа Шерифовиќ и Бекута

Бурни реакции предизвика дуелот меѓу кандидатката на Марија, Мелиха Имшировиќ, и момчето од тимот на Снежана, Велид Ханџиќ, во „Ѕвездите на Гранд“.

Првата кандидатка Мелиха ги освои сите шест гласа, а Валид пет кога Ѓорѓе Давид го повлече последниот глас. Оваа постапка ја натера и Ана Бекута да го повлече својот глас, што ѝ го даде на Мелиха, која беше во тимот на Шерифовиќ, и рече дека на овој начин и двајцата кандидати заслужуваат по пет гласа.

Кога Марија виде дека Бекута првин гласала „за“, па се повлече, револтирана ѝ рече: „Во право си, Ана, приспособи го копчето за мојата натпреварувачка, ти благодарам! Верувај ми. Немаш поим, Ана, што ми направи сега“. На ова реагира Ана Бекута: „Ти си хистерична!“

По ова, ете го и Саша Поповиќ, кој ѝ даде збор на Марија да си каже што мисли.

„Мислам дека Ана направи голема услуга за мојот кандидат и за мене. Таа виде дека Ѓорѓе не му го даде својот глас на Велид и потоа го исклучи копчето што ѝ го даде на Мелиха. Нема да објаснам зошто, само ѝ се заблагодарувам“, рече лута Шерифовиќ.

На ова реагира пак Бекута, која ѝ рече: „Те молам, само пишувај си ги грдите коментари на социјалните мрежи. Хистерична си, што правиш“.

На ова пак реагира Марија: „Не, не зборуваш кога имаш проблем. Тоа е твој проблем, Ана, затоа што никогаш не кажуваш ништо. Што ти реков лошо? Не ти се обратив, никогаш ништо лошо не сум ти кажала. Никогаш“, повторуваше Марија.

На ова Бекута ѝ рече: „Марија, имаш амнезија, оди таму пишувај лошо на социјалните мрежи“, одговори Бекута.

Не е прват да се скараат членовите од жирито на „Гранд“ кога се во прашање нивните натпреварувачи. Но, тоа е една и од приччините што „Гранд“ секогаш го привлекува вниманието на јавноста и по неколку сезони прикажување.

Scroll to Top