Глумица го напушти „Твитер“ поради Илон Маск

Глумицата Џамила Џамил рече дека ќе го напушти „Твитер“ заради Илон Маск. Таа објасни дека ќе го згасне својот профил на оваа социјална мрежа затоа што се плаши од можни промени на оваа мрежа. За потсетување, Маск во понеделникот го купи „Твитер“ за 44 милијарди долари.

„Се плашам дека оваа платформа ќе ја досегне финалната форма на омраза, непочитување на законите, нетрпеливост и мизогонија. Среќно“, им порачаа таа на фановите.

Џамила и пред Маск да го купи „Твитер“, рече дека ќе ја напушти оваа социјална мрежа.

„Една добра работа во врска со купувањето на Маск на „Твитер“ е што конечно ќе можам да си заминам и да престанам да бидам закана за општеството тука. Ова е навистина победа за сите нас“, рече Џамила.

Ѕвездата од „Ѕвездени патеки“ Џорџ Такеи рече дека нема да го остави „Твитер“ и дека ќе се обиде да поттикнува на разум, ако оваа мрежа стане како што вели тој сè поотровна.

„Не одам никаде. Ветувам дека ќе се трудам уште повеќе да потткнувам на разум, наука, сочувство и владеење на законот. Борбата против фашизмот, дезинформациите и омразата бара големи борци“, рече Такеи.

Ѕвездата од „Марвел“ Шанг-Чи, Сим Лиу јавно праша дали можело да се направи нешто подобро со 44 милијарди долари, а Ајс-ти смета дека целата оваа ситуација со Маск и купувањето на „Твитер“ е забавна.

„Ќе биде забавно сега откако Маск го купи „Твитер“, наеднаш едноставно да го згасне“, рече раперот.

 

 

Scroll to Top