Загрепската полиција трага по Маријана Зајферт, победничката во регионалното реално шоу „Големиот брат“ од 2011 година. Нејзиното исчезнување во полиција го пријавил сопругот Карло, кој и преку социјалните мрежи бара помош да ја најде.
„Јас пријавив во полиција. Не можам да зборувам за околностите, не ги знам ниту јас“, рекол Карло за хрватскиот портал „24 сата“.
Маријана пред една деценија беше меѓу најозборуваните личности во регионот откако во популарното шоу „Големиот брат“ јавно пред камери го изневери тогашниот сопруг со српскиот пејач Никола Немешевиќ – Немеш. Потоа таа и се омажи со Немеш, но по брзо време се разведоа.
По веста за исчезнувањето и тој даде изјава за српските медиумите и вели дека е изненаден од веста дека Маријана исчезнала.
„Не знам што да ви кажам, се надевам дека добро ќе се заврши сè. Веќе долго време не сме во контакт, така што не знам ништо за неа“, рекол Немеш.