Александар Ендровски синот на актерка Тања Кочовска заедно со екипата од Enjoy Macedonia добија туристички Оскар за 2021 во Полска. Наградата Оскар за најдобар турситички евент е признание за нивиот труд, вели Александар во објавта и нивната посветена работа да ја презентираат Македонија надвор во светот.
„Горд сум на себе и на на моите колеги од тимот“, напиша Александар. Тој сподели и интересни фотографии и видео за тоа на кој начин ја преставиле Македонија во Полска и за што ја добија првата награда.
Станува збор за полска свечност на која се доделуваат 12 Оскари за најдобри евенти во Полска.
А. Георгиев