Амбер Херд му се заканувала на Џони Деп дека ќе бара судска забрана да ѝ се доближува, ако овој не ѝ дозволи бесплатно да живее во неговите пентхауси во Лос Анџелес.
Ова го тврдат адвокатите на Деп за време на судењето кое во моментов се одвива во Ферфакс во Вирџинија, каде глумецот ја тужи Амбер дека објавила во „Вашингтон Пост“ дека ѝ вршел семејно насилство.
Адвокатите пред поротата покажале документи од 2016 година, на кои има список од финансиски барања од глумицата неколку дена откако таа поднела барања за развод.
Писмото со списокот барања бил испратен до адвокатот на Деп, Џејкоб Блум на 24 мај 2016 година. Само три дена по нивната жестока кавга. Амбер тврдела дека Деп ја удрил со мобилен телефон, а тој негира.
Во писмото, тогаш адвокатката на Амбер, Саманта Спектор, навела дека нејзината клиентка нема поднесено барање за забрана за приближување и дека сака да најде долгорочно решение со Деп, надвор од очите на јавноста.
Саманта барала Амбер да има право на ексклузивно користење и посед на црниот ренџ ровер, како и можност да живее во три пентхауси во западен Холивуд, а Деп да продолжи да ја плаќа хипотеката и сметките за комуналии.
Во писмото таа побарала и допринес од 100.000 долари за адвокатски трошоци и 25.000 долари за трошоци за форензичко сметководство кое требало да се плати до 27 мај, три дена по испраќањето на писмото.
Во писмото адвокатот пишува: Како што можеби знаете, вашиот клиент и сопруг на Амбер, Џони Деп, насилно ја нападнал мојата клиентка и ѝ се заканил во саботата вечерта на 21 мај, во нивниот пентхаус апартман. Постојат неколку сведоци за овој конкретен инцидент и постојат фотографии кои ја прикажуваат материјалната штета која ја направи Деп како и физичките повреди врз Амбер. За жал, ова не е прв инцидент на семејно насилство кое Деп го направил врз Амбер. Се случиле уште два инциденти во претходните шест месеци“, е наведено во писмото.
Нагласено е и дека глумицата, иако се плаши од Деп, таа инсистира да оваа работа да ја решат надвор од очите на јавноста и медиумите. Деп остро ги негирал овие обвинувања за семејно злоставување.
Адвокатката на Амбер рече дека глумицата сакала брзо, приватно и пријателско решение, пред да излезе со нејзината листа на барања. Засега не е јасно како одговориле адвокатите на Деп. Амбер на 27 мај сепак поднела барања за привремена забрана за доближување од страна на Џони Деп.