Виолинистот на групата „Маесто“, Илија Филиповски направи крштева за синот, Марко. Откако го крстија во црква, тие организраа прослава во познат скопски ресторан. Виолинистот во текот на вечерта и пееше на сопругата песна од Оливер Драгојевиќ. Илија објави неколку фотки и видеа од крштевката на Инстаграм.
Тој и неговата сопруга Анастасија лани станаа родители. Тогаш раѓањето на синот Илија го прослави во кафеана, а меѓу гостите беа многу познати македонски пејачи.
За потсетување виолинистот и неговата сопруга се свршија лани во април на Матка, а два месеци потоа направија свадба.