Меган Фокс се жали дека син ѝ го малтретираат затоа што носел фустани

Глумицата Меган Фокс во неодамнешното интервју за Glamour UK се пожали дека нејзиниот најстар син Ноа го злоставувале во школо затоа што сакал да носи фустани. Таа рече дека срцето и се кинело кога слушнала како неговите соученици се однесувале кон него.

„Имам дете кое пати и морам да се изборам со тоа. Би сакала човештвото да не е вакво“, рече Меган во интервјуто и отворено рече дека тој сакал да носи фустани.

„Уште кога имаше две години, фустаните му беа подраги од панталоните“, рече Меган.

Таа рече дека прочитала многу книги на оваа тема, меѓу кои и оние кои ги напишале трансродни деца. Изборот на облека Меган вели дека е начин на кој нејзиниот син можел да се изрази.

„Во некои од книгите можете да прочитате дека и машките деца можат да носат фустани. На тој начин можете да се изразите како што сакате. Тоа не мора да има никаква врска со вашата сексуалнсот“, рече Меган.

Таа додаде дека низ годинтие работела на тоа да го поттикне Ноа и неговите браќа, Џорни и Боди, да го прифатат тоа што навистина се. За жал, другите луѓе се тие кои имаат проблеми со личните избори на нејзиниот син, објасни Меган.

Таа истакна дека поради работата мора често да патува и затоа ги оставала нејзините синови сами. Тоа им ги кршело срцата рече таа.

„Би сакала да ги понесам со мене. Тоа би ми ги олеснило работите. Тешко ми е, не само поради притисокот од општеството, туку и затоа што сум одвоена од нив. Тие се мојата ДНК“, рече Меган.

За потсетување, таа има три сина со поранешниот сопруг Брајан Аустин Греин. Во јануари нејзиниот нов дечко, Машин Ган Кели ја запроси, иако неодамна нивниот однос беше влошен. Во меѓувреме двајцата се смирија.

 

 

Scroll to Top