Сара Јо и Сенида ќе имаат концерт на стадионот на АРМ во Скопје

Балканските пејачки Сенида и Сара Јо, на 1 јуни ќе имаат концерт на отворено на стадионот на АРМ во Скопје. Концертот наречен „Женска моќ“ е во организација на „Авалон продукција“.

„По нивниот настап на ‘Охрид колинг’, Сенида и Сара Јо продолжија да го креваат стандардот на балканската музичка сцена; Сенида со хитовите ‘Бехуте’ и ‘Јаднаја’, а Сара Јо со хитовите ‘Дива’ и песната која беше евровизиски кандидат за оваа година, ‘Мушкарчина’, постојано докажуваат дека се највлијателните и најквалитетни регионални женски музички ѕвезди. Оттаму доаѓа и името на овој фестивал кој има за цел да ги слави регионалните женски артисти и да ја акцентира женската моќ и позиција во музичката индустрија“, велат организаторите.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 5 мај (четврток) по цена 700 денари за партер и 990 денари за фан пит.

Scroll to Top