(Видео) По Крис Рок уште еден комичар нападнат за време на настап во САД

По Крис Рок уште еден комичар бил нападнат за време на настап во САД, пренесе Daily Mail. Дејв Чапел синоќа на фестивалот Netflix is A Joke во Лос Анџелес, за време на неговиот стен ап беше нападнат од непознат маж од публиката.

На видеото се гледа непознатиот маж кој излезе на сцената и го нападна Чапел пред обезбедувањето да реагира и да го тргне. Во публиката беше и актерот Џејми Фокс. И тој отиде на сцената за да му помогне на обезбедувањето.

Чапел, кој минатата година предизвика бес кај транс заедницата со неговите контроверзни коментари, продолжи со точката и се пошегува дека напаѓачот бил транс маж.

Комичарот Крис Рок, пак, настапи нешто подоцна на фестивалот и го поврза нападот со неодамнешниот скандал на Оскарите. Тој излезе на сцената и се пошегува: „Дали е тоа Вил Смит?“.

Полицијата во Лос Анџелес потврди за американските медиуми река реагирала на инцидентот на фестивалот, а приведениот напаѓач наводно бил вооружен со пиштол и нож.

Scroll to Top