Ми се откорна од срцето мојата прва љубов, Јулија неутешна по загубата на Андријана

По две години борба со ракот, денес почина Андријана Мициевска, ќерката на пејачката и водителка Јулија. На социјалните мрежи пријателите се простуваат од Андријана која почина на 41 година, а сега и Јулија ја сподели тажната вест за загубата на ќерка си. .

„Мојот Ангел одлета, ми се откорна од срцето, од утробата мојата прва љубов, мојата единствена рожба ,мојата Андријана. Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата голема уметница. Болиииии, болиии, болиии“, објави во тага Јулија. Погребот че биде утре петок, на 13 мај 14 часот во  капелата на градските гробишта во Бутел.

По две години борба со ракот, почина ќерката на Јулија

Scroll to Top