Наследно право на недвижниот имот и вредните предмети како слики и накит на кој бил колекционер Видоје Ристовиќ, имаат вдовицата Николина Пишек и нејзините ќерки Матеа и Уна Софија.
Станот во центарот на Белград, каде што престојувал со семејството, е на име на неговиот татко познат како Миша Гроф. Во Хрватска Видоје не поседувал никаков имот, тоа било само стан во Загреб каде што живеела водителката како дете.
Како што дознаваат медиумите од извори од Хрватска, „паметната вила“ исто така е на име на Николина, но е спорна по повеќе основи. Најпрво не се знае дали е завршенo реновирањето на куќата која траеla неколку месеци. Покојниот Видоје и Николина не ја купиле паметната вила за готовина во целост, туку подигнале кредити од банка во Австрија. Станува збор за два кредити од по 400 илјади евра или вкупно 800 илјади евра за кои ставиле хипотеки. Имотот вредел вкупно еден ипол милион евра, што значи дека останатите 700 илјади евра ги платиле во кеш.
Иако сè уште не се знае што поседувал и што стекнал Ристовиќ во бракот со Николина, во медиумите често се пишуваше за скапиот накит на водителката. Посебно за нејзиниот веренички прстен за кој покојниот Видоје издвоил 15 илјади евра.
Таткото на Видоје, Мишо Гроф е еден од најбогатите српски антикварници.
Во летото 2020 година Николина и Видојде престојуваа во луксузна вила во Каштел Стари, а идиличниот одмор набрзо се претвори во хаос, откако пријавија кражба на накит и пари вредни околу два милиони куни.
Меѓу накитот кој недостасуваше имаше неколку парчиња кои Николина сакаше да ги носи: Женски прстен Картие Пантер од 25 илјади евра, нараквица Картие Лав со дијаманти од 40.600 евра и прстен Шопард од 3,75 каратно бело злато вреден 65 илјади евра.