(Видео) Прво јавно појавување на Меланија Трамп откако ја напушти Белата Куќа

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп по година ипол од заминувањето од Белата куќа го имаше првото појавување во јавноста во емисија на ТВ Фокс њуз.

Меланија Трамп  во емисијата  зборува за недостигот на храна за бебиња низ земјата, велејќи дека „раководството“ е одговорно за кризата.

Меланија се повлече од јавноста откако ја напушти Белата куќа во јануари 2021 година. Имено, Меланија Трамп во декември објави дека го продава првиот незаменлив токен (NFT), наречен „Melania’s Vision“.

Тоа е првото дигитално уметничко дело што Меланија го продава на нејзината нова платформа за незаменливи токени, на страницата MelaniaTrump.com. Станува збор за акварел на уметникот Марк Антоан Кулом, кој и ги насликал очите, а во него има и аудио снимка од Меланија Трамп, соопштија од нејзиниот кабинет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melania Trump (@melaniatrump)

Дигиталното уметничко дело ќе чини околу 150 долари и ќе биде достапно за купување до крајот на годината.

Дел од приходите, како што е најавено, ќе бидат наменети за помош на децата од згрижувачки семејства.

Scroll to Top