Фановите ја критикуваа Кортни Кардашијан поради фустанот со кој таа се појави на свадбата со Травис Паркер. Двојката се венчаше минатата недела, а претходно имаа проба во Лас Вегас.
Сега кога во јавноста излегоа и првите фотографии од венчавката, фановите ѝ рекоа дека подобро било да се појавела во тренирки.
„Што е ова, подобро да се појавеше во тренирки. Каков ужас. Колку евтино изгледа оваа венчаница. Ако ова е венчаница, јас тогаш не знам…“, ѝ порачаа некои од нив.
Кортни и Баркер се венчаа во Санта Барбара, а на свадбата беа пријателите и членови од семејството. Двојката наводно планира и голема венчавка во Италија.
„Мораа легално да се венчаат пред својата голема италијанска венчавка, која ќе се случи многу брзо. Сите детали веќе се испланирани и целото семејство вклучувајќи ги и сите деца се многу возбудени“, рече извор близок до Кардашијан за People.