(Галерија) Подобро да си дошла во тренирки ѝ порачаа фановите на Кортни Кардашијан кога ги видоа фотографиите од венчаницата

Фановите ја критикуваа Кортни Кардашијан поради фустанот со кој таа се појави на свадбата со Травис Паркер. Двојката се венчаше минатата недела, а претходно имаа проба во Лас Вегас.

Сега кога во јавноста излегоа и првите фотографии од венчавката, фановите ѝ рекоа дека подобро било да се појавела во тренирки.

„Што е ова, подобро да се појавеше во тренирки. Каков ужас. Колку евтино изгледа оваа венчаница. Ако ова е венчаница, јас тогаш не знам…“, ѝ порачаа некои од нив.

Кортни и Баркер се венчаа во Санта Барбара, а на свадбата беа пријателите и членови од семејството. Двојката наводно планира и голема венчавка во Италија.

„Мораа легално да се венчаат пред својата голема италијанска венчавка, која ќе се случи многу брзо. Сите детали веќе се испланирани и целото семејство вклучувајќи ги и сите деца се многу возбудени“, рече извор близок до Кардашијан за People.

Scroll to Top