Победникот на Евросонг и фронтмен на украинскиот бенд „Калуш оркестра“, Олег Псиук, ја бакна својата девојка Олександра пред хотелот во Торино и замина за Украина да ја брани земјата од Русија, пренесе „Дејли мејл“.
Меидумите пренесоа дека тој ќе се приклучи во четата која се наоѓа во првата борбена линија со тенкови меѓу Украина и Русија. Олег кога ја бакна Олександра ја носеше својата препознатливата розова капа и ранец, а потоа со такси замина на аеродром.
За потсетување, Украина победи на Евросонг со 631 поени, пред Велика Британија која освои 466. Шпанија заврши трета со 459, а Шведска четврта со 438 поени.
Украинските претседател Володимир Зеленски вети дека наредната година Евросонг ќе се одржи во градот Мариупол. Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја поздрави победата и вети дека следната година Евросонг ќе се одржи во Мариупол иако градот е опколен од руските сили.
По победата на Евросонг во Торино украинските претставници, групата „Калуш оркестра“ на својот јутјуб-канал го објави сензитивниот спот за нивната песна „Stefania“. Во спотот е опфатен ужасот од војната со која се соочува украинскиот народ.