Среќен сум со Весна, а разликата во години не ме прави постар, искрено со Александар Микиќ

Александар Микиќ, театарски и филмски актер, еден од најнаградуваните кај нас, веќе 25 години е дел од МНТ. Иако прво запишал Земјоделски факултет,  по една година студии им го дал индексот на родителите и им рекол: “Вие учете ова, јас отидов на глума“.

Немал отпор од нив, туку поддршка, а како дете на доктор и професорка, сепак не бил оптеретен дека мора да ги наследи нивните професии.

Улогата на Божо Вампирот во комедијата „Торонто експрес“ беше посебен предизвик, ососбно што станува збор за монодрама со примеси на стед ап. За предизвикот на улогата вели:

“За секој актер еден од најголемите кошмари е да игра комедија, а никој во публика да не му се смее. Искрено, комедијата е можеби најтешка да се игра. Тоа е момент кога треба на сите кои се во публика да им ја пренесеш енергијата и хуморот за да почнат да се смеат. Мислам дека веќе ми беше време за една ваква улога “, вели Микиќ.

Со храфистката Весна, која исто така играше на филм, се заедно скоро 16 години. Љубовната приказна почнала по една забава и трае до денес.

“Весна ми е огледало на нештата. Не знае да ме излаже, па кога е во пршање некоја улога ако кај неа пројдам, знам ќе поминам секаде”, искрен е актерот.

Тој е постар од Весна 15 години, ама разликата во годините никогаш не била проблем во нивниот однос.

“Ама види, староста е состојба на свеста. Србите имаат изрека, стар си колку што ти се стари децата. Моите се мали, па така што и јас сум млад, со тоа и разликата во годините не ме прави постар”.

Татко е на близнците Иво и Ена. За тоа колку го променило татковство ни открива: “Прво е многу убаво, две радости одеднаш, ама друго сфаќаш дека треба да си вкрестен со октопод за да пофатиш сѐ. Сепак, татковство ме промени и ми даде храброст за многу одлуки“.

Од детството во населбата Аеродром, преку средношколските денови во Корчагин и ФДУ, Александар Микиќ има што да каже. Дознавме и дека готви секој ден, ужива во љубовта со храфистката Весна, каков е животот врзан за театарот, од првата улога до популарноста на “Не се клади на Енглези”….Гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

 

 

 

Scroll to Top