Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов добитник е на актерската награда за животно дело на театарскиот фестивал „5ре“, кој се организира за првпат во Велес во чест на театарскиот доајен Петре Прличко.
Џамбазов по повод наградата рече дека има среќа да почувствува нешто ретко што некој го има почувствувано, а тоа е да добиеш награда што го носи името на твојот дедо.
„Вчера ја имав таа среќа да почувствувам нешто што ретко кој го има почувствувано. За да се уверам дека тоа навистина е така, направив интернет-истражување, и не пронајдов таков случај никаде во светот. Да добиеш награда што го носи името на твојот дедо. И плус фестивал што се вика 5-ре, исто како и неговиот уметнички потпис. Незаборавна вечер полна со емоции, многу смеење и солзи радосници. И духовити колеги кои отворањето го направија во стилот на ‘оскарите’. Ви пожелувам на сите по една ваква ноќ во животот. И добро утро. Одам малку да се порадувам“, рече Џамбазов.
Фестивалот започна вчеравечер и ќе трае во следните десет дена, а на сцената на Велешкиот театар ќе бидат прикажани шест претстави од жанрот комедија.
View this post on Instagram