Видов голем нос и златен часовник на раката – првата средба на Ибрахимовиќ и Хелена Сегер била на паркинг

Сопругата на познатиот шведски фудбалер  со босанско потекло Златан Ибрахимовиќ, Хелена Сегер поранешен модел и бизнисменка ретко се појавува во јавноста. Таа има 51 година и е 11 години постара од фудбалерот. Ибрахимовиќ и Сегер повеќе од дваесегодини се во брак.

Хелена е таа која се грижи за бројните спонзорски договори на Златан Ибрахимовиќ, а нивната прва средба била на паркинг. Хелена немала убав прв впечаток за Златан и тоа не било љубов на прв поглед.

„Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година, а јас 32. Имав богатство и кариера, не ми требаше фудбалер да ме храни. Бев независена. Тој дури и не беше мој тип. Кога првпат го видов, ми го блокираше Мерцедесот на паркингот во Малме со своето Ферари. Всушност, видов само голем нос и златен часовник на неговата рака. Бидејќи бев нерасположена, му викнав“, раскажала Хелена во интервју.

Таа вели дека и се допаѓа нејзиниот сопруг бидејќи може да му се спротивстави. Таа вели дека е самостојна жена со кариера во позадина која ја изградила со многу жртви.

“Не сакам да ме етикетираат како сопруга на фудбалер. Мислам дека луѓето не се свесни колку напорно учев, работев и се борев во животот”, рекла Хелена.

Пред неколку години се шпекулираше дека Ибрахимовиќ наводно стапил во врска со убавата италијанска новинарка Дилета Леота, а наводно ја изневерувал и Хелена. Сепак, тоа никогаш не беше потврдено, а ниту Златан ниту Хелена не ги коментираа овие наводи.



Scroll to Top