Пејачката Тања Савиќ ги изненади сите кога објави фотографија на која е облечена во венчаница. Таа напиша дека е во Бања Лука, од каде е и нејзиниот партнер, градоначалникот Драшко Станивуковиќ.
„Венчавка“, кратко коментираше пејачката, а потоа доби голем број честитки и пофалби од фановите. Имаше и такви кои коментираа дека не станува збор за вистинска венчавка, туку дека пејачката само го снимала новиот спот.
За потсетување, Тања Савиќ претходно беше со Душан Јованчевиќ од кого се разведе. Нивниот развод мина со голем број скандали. Најголемиот беше кога Душан избега во Австралија и не ѝ дозволуваше да си ги види двата сина.