Со знаме виножито Северина среде Загреб ја поддржа ЛГБТ-заедницата

Хрватската пејачка Северина беше гостинка на отворањето на Квир Загреб Фестивалот кој оваа година прославува 20 години постоење. Таа објави  фотографија на социјалните мрежи и испрати порака: кажете доста на сите видови угнетувања. Во рамките на фестивалот во Хрватскиот народен театар беше прикажана театарската претстава „Yira, Yira“ која ја раскажува приказната за аргетинските сексуални работнички и работници.

„Со насмевка на лицето и љубов во срцето, ние кои се обидуваме мирно да го живееме својот живот, но за жал лошиот систем не ни дозволува, иако законот не штити. Сите ние сме луѓе со отворено срце, без оглед дали е хетеро, геј, би, трансродови, па и оние кои ги нарекувате „чудни“ и „ненормални“, а понекогаш и „неморални“.

Ние кои не живееме од државата, ние кои секој ден сме на пазарот, како и главните актери на синоќешната претстава „Yira, Yira“ која го отвори јубилејното 20. Квир Загреб Фестивал. Затоа уживајте на 20 јубилејниот Квир Загреб и кажете доста на сите видови угнетувања“, напиша Северина како поддршка на ЛГБТ заедницата.

Таа објави и фотографија на Инстаграм каде е фотографирана на терасата на Хрватскиот народен театар со знамето на гордоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Scroll to Top