По две децении завшри со снимање шоуто на Елен Деџенерис. Популадната водителка со нејзиното шоу ги забавуваше Американците и беше домаќин на најголемите светски ѕвезди. Во 19-те сезони сними повеќе од 3000 епизоди.
Деџенерис се прослави уште во осумдесетите години од минатиот век како комичар. Во 1997 година, стана првиот лик од телевизиската серија „Елен“, која ја призна својата хомосексуална ориентација. Првата гостинка во 2003 година ѝ беше глумицата Џенифер Анистон.
Таа ќе ѝ биде и последна гостинка. Најголемите холивудски ѕвезди често гостуваа во ова „ток-шоу“, коешто се здоби со популарност и во поконзервативните делови на Америка.
„Таа го отвори патот и веројатно беше, а можеби и сѐ уште е најпознатата ЛГБТ-личност во Америка“, рече Мери Марфи, професорка по новинарство на Универзитетот на јужна Калифорнија.
Елен рече дека емисијата повеќе не ѝ е предизвик.
„Кога почнавме да снимаме во 2003 година, тогаш немаше социјалните мрежи, а истополовите бракови не беа легални. Низ годините гледавме како се менува светот, понекогаш на подобро, некогаш не“, рече Деџенерис по снимањето на последната епизода.
Елен рече дека прекинува со снимањето затоа што луѓето веќе ја изживеале емисијата. Сепак голем број од фановите сметаат дека вистинската причина е штетната работна атмосфера на снимањето, како и обвинувањата за сексуални напади, вознемирување и расизам.
За потсетување и главните продуценти пред извесно време вела дека средината во која што се снима е лоша. Елен Деџенерис не беше директно обвинета, но е огорчена што дозволила да се создаде таква работна атмосфера во нејзиниот тим, пишуваа светските медиуми.