Филмската кариера на Џони Деп можеби трпи последици од судскиот процеси и обвинувањата на неговата бивша жена Амбер Хард, ама во светот на парфемите, приказната е сосема поинаква. Па така шишенце парфем „Саваж“ на „Диор“ се продава на секои три секунди, а заштитно лице на овој парфем е Деп.
Модниот критичар Џон Помплијано на Твитер ја коментираше статијата на Мари Клари, каде што овој парфем засега е најпродаван.
„ И покрај фактот што повеќето издавачи го исклучија Џони Деп сепак „Диор“ реши да го задржи. Зошто? Едно шише „Саваж“ се продава на секои три секунди. Со 160 долари по шише а тоа се скоро 150 евра, тоа значи заработка од над 4,5 милиони долари на ден, објасни Помплијано.
Компанијата соопшти дека добила вкупно 11 поплаки од оние кои веруваат дека Деп треба да биде отстранет од рекламната кампања. Сепак, сега се чини, ситуацијата е смирена. Деп, е заштитно лице на „Саваж“ од како парфемот се појави на пазароот во 2015 година. Во пефемот на Франсоа Демаши доминираат мириси на портокал, бергам и прашкасти и дрвенести ноти.